Свесни сме дека ова доближување со власта поздразбира наш обид за да се стигне до 80 пратеници и ништо повеќе, изјави лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари за влезот на партјата во власта.

-Периодот во кој што сега се наоѓаме како држава е поинаков отколку пред февруари 2022. Инвазијата во Украина смени многу, како и почетокот на скринингот на Македонија и Албанија со ЕУ. Ние сме свесни дека ова доближување со власта поздразбира наш обид за да се стигне до 80 пратеници, изјави Таравари во интервју на емисијата „Вин-вин“.

Тој смета дека најголемата опозициска партија не мислат дека ако Македонија не ги започне преговорите со ЕУ е уште потрагично за државата и народот.

-Со бројка 64 пратеници многу потешко може да се дојде до 80 и со бетонирана бројка од 72 и плус БЕСА која мислам би гласале како Алијанса, пак недостигаат уште 6, меѓутоа многу е полесно е да се стигне од 74 до 80 отколку да се стигне во оваа состојба во која е актуелното мнозинство, порачува Таравари за уставните измени.

За соработката со ВМРО-ДПМНЕ кажа дека во ноември или декември во 2020 година, „Конрад Аденауер“ ги седнале двете партии заедно и во тој период АА побарале од ВМРО-ДПМНЕ да се смени таа реторика и тој вординг за евентуална соработка на локалните избори во 2021 година.

-Тие успеаја во тоа. Барем се обидуваа декларативно, дека жалат за тоа што се случило на 27 април, дека не им пречи 20 посто, дека соживотот е фундамент на оваа држава. И ние се договоривме да соработуваме за шест општини за локалните избори, но цената прескапо ја плативме. Дефинитивно“, рече Таравари.

Тоа што се случува сега со ВМРО-ДПМНЕ, вели Таравари, е поинакво ВМРО-ДПМНЕ од тоа со кое соработувала Алијанса за Албанците во 2021 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.