Кандидатот за претседател од редовите на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари, е убеден дека на изборите ќе добие гласови и од македонските граѓани.

Во интервју за весникот „Лајм“, тој вели дека во процесот на собирање на потребните потписи за неговата кандидатура, интерес да го поддржат покажале голем број граѓани Македонци, Босанци, Роми и Власи.

„Не само од македонскиот електорат. Среќен сум што за потписите што ги собравме пред 5-6 дена ми се јавија и многу Босанци, Македонци, Роми, Турци, Власи кои инсистираа по секоја цена иако им кажав дека се собрани 10.000 потписи. Некои дури отишле на нотар и сами си го платиле тоа, само за да дадат поддршка. Се разбира, нашата тенденција и цел ќе биде албанскиот глас, но секако ќе се обидеме да ги анимираме и да добиеме поддршка и од другите етнички групи. Несомнено очекувам квантум на гласови и од другите етнички групи. Значи тука е единствената логика да се оди во втор круг, инаку Албанците се тука близу 30% но Македонците се 54%, значи блиску до 15% се другите етникуми. Мислам дека може да има позитивна кампања и да се добие одредена поддршка и тоа ви дава простор да размислуваме за одење во вториот круг – изјави Таравари за „Лајм“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.