Претседателскиот кандидат на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари, денеска по повод Светскиот ден на здравјето организираше дебата со лекари и здравствени работници во Тетово.
На средбата, Таравари ги истакна дека еден од здравствените приоритети треба да е обезбедување на лекар во секое рурално место, како и субвенционирање на медицинскиот персонал.
Има места каде што нема лекар или нема медицински услуги, бидејќи во некои од селата, кои се претежно планински, повеќето колеги не прифаќаат или не им одговара или не се доволно платени за да даваат медицински услуги. Јас мислам дека ова е проблем за кој треба сериозно да разговараме меѓу себе, да субвенционираме или да помогнеме или да платиме неколкупати повеќе, за да ги мотивираме овие доктори, рече Таравари.
Поранешниот министер за здравство и актуелен кандидатски претседател додаде дека како второ прашање во здравствениот систем е децентрализацијата на здравството, бидејќи според него, во моментов 60 отсто од медицинските услуги се даваат во скопските болници.
Јас мислам дека имаме човечки капацитети, но може и да се создадат услови, да се создадат некои клинички болници кои ќе бидат функционални, особено Тетово, Охрид или Струга, Штип и Битола. Верувам дека се потребни многу инвестиции во овие регионални болници со единствена цел да не се малтретираат луѓето, да дојде во Скопје за каква било медицинска услуга“ рече Таравари.
Како трето прашање, Таравари ја спомена и мотивација за студенти кои имаат висока просечна оценка.
Сметам дека во Законот за јавното здравје треба да се мотивираат колегите кои само што завршија факултет и имаат висока просечна оценка. Мислам дека мотивацијата на овие студенти треба да се утврди со закон, веднаш да добијат специјализација или да им ја зголемат платата за време на специјализацијата за да не ја напуштат замјата, додаде Таравари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.