Министерот за здравство Арбен Таравари тврди дека предлог-закон за правична застапеност од нивна страна има. Според него следи координирање на владиното мнозинство, по што предлогот ќе биде пласиран на јавноста.
-Предлог-закон од наша страна, имаше. Но во Влада сме коалиција од три коалиции: ЗНАМ, ВМРО со сите партии и ние како Влен. Сега треба да седнеме и да синхронизираме меѓу нас, да направиме заеднички продукт и тоа да го пуштиме и до јавноста и за јавна дебата и за Парламент. За тоа повторно ќе ангажираме експерти кои имаат „сенс“ за оваа работа, изјави Таравари на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање. .
Тој смена дека законот ќе се носи транспарентно, а не како во минатиот период, кога законите поминувале „набрзина“.
-За разлика од минатиот период, кога законите набрзина поминуваа, сега нема да помине така, туку ви велам, ние подготвивме нешто, сега ќе седнеме владиното мнозинство да се координира и потоа ќе отвориме јавна дебата и нормално, тоа ќе биде достапно до сите и до медиумите и до јавноста и не планираме тоа да го поминеме за една недела, две. Меѓутоа, во разумен период, јас мислам дека треба да отвориме јавна дебата и ќе го направиме тоа сигурно, одговори Таравари на прашањето зошто се прави законот на нетранспарентен начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.