Триесетина родители, претставници на општинската власт и на Комисијата за заштита од дискриминација заедно го разгледаа случајот со Ембла, девојчето со Даунов синдром од Гостивар. По состанокот се обратиl само градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари кој изнесе некои поединости, за кои, како што рече, даваат ново светло и правец кон наоѓањето решение.

Од состаноците кои ги имав, со дефектолозите, психологот, учителката и со родителите произлезе дека родителите на девојчето инсистирале тоа да посетува настава со инклузија и тоа е овозможено. Годинава кај неа било забележано агресивно однесување и овој факт го потврдија речиси сите. Иако меѓу децата имало разбирање, сепак има некои од соучениците биле и повредувани. Освен Даунов синдром, Ембла има и форма на аутизам, што е потврдено и во извештајот од комисија која врши категоризација на вакви деца. За неа се обезбедени и посебни услови во училиштето. Сепак, некои од родителите искажеле загриженост за нивните деца. Како институција ќе побараме уште еднаш да се направи категоризација за Ембла, по што ќе се донесе конечен заклучок со препорака дали таа ќе следи настава преку инклузија или во паралелка за деца со посебни потреби, тоа ќе се знае наскоро, рече градоначалникот Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.