Кандидатот за претседател Арбен Таравари вчера го промовираше својот тим со кој ќе ја бара довербата од граѓаните на изборите на 24 април.Ова е првпат претседателски кандидат тоа го прави пред изборите.

Во својот кабинет Арбен Таравари има собрано вредни луѓе од сите етникуми, експерти од повеќе области, доктори на науки, одлични познавачи на приликите во државава, кои без сомнение ќе можат да дадат свој придонес за подобрување на животот на граѓаните, се вели во соопштението.

Таравари претстави неколку имиња, но додаде дека во иднина овој тим ќе се прошири и со други „вредни луѓе“.

Моето претседателство ќе се води од европските вредности. Нашиот кабинет ќе го предводат експертите: Калтрина Зеколи-Шаќири – професор од областа на граѓанското право; Танер Хасан, доктор по медицински науки (од турската заедница); Бари Абдули, магистер по право (од ромската заедница), Земри Елези, професор на УЕЈЛ, изјави Арбен Таравари при презентацијата на својот тим.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.