Арбен Таравари од обединетата албанска опозиција „Вреди“ попладнево информираше дека ги собрал потребните 10 000 потписи за кандидатурата за претседател, објави „Сител“.

Таравари на социјалните мрежи им се заблагодари на сите оние кои се потпишале за неговата кандидатура за претседател.

„Ви благодарам на секој од вас што во рекордно време ја потпишавте мојата кандидатура за претседател! Целата оваа кампања нека биде наменета за Вас!“, напиша Таравари на својот Фејсбук профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.