Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари во текот на ноќта на новата година, ги посети службите кои се на работа во текот на оваа ноќ.
„Како што е традиција, денска ги посетивме оние кои во оваа празнична ноќ избираат да не слават, туку да бидат подготвени на врвот на своите обврски, да обезбедат безбедност и здравје за нашите граѓани”, рече градоначалникот Арбен Таравари.
Градоначалникот Арбен Таравари на пожарникарите, полицајците, лекарите и медицинските сестри на градот Гостивар им посака добра година со полно здравје и успех.
Се надевам дека оваа ноќ ќе ги најде овие вработени со малку работа и со што помалку интервенции”, рече градоначалникот Арбен Таравари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.