Минстерот Таравари вети дека ќе се дознае вистината за смртта на 14 месечното бебе кое почина на Детската Клиника. Таравари ги потврди обвинувањата на семејството. Според ноговите сознанија, девојчето било враќано неколку пати од Клиниката, па се надева дека истражните органи ќе откријат дали тоа било по грешка или од незнаење на докторите.

“Јас навистина жалам и изразувам сочувство до семејството наследивме вакво здравствен систем каде што се случуваат вакви работи, не можеме преку ноќ да ги смениме работите но дефинитивно треба да има одговорност.Не очекувајте од денеска да судам државните органи ќе испитаат се…и некој мора да сноси одговороност кога има вакви трагични случаеви.Дали по грешка или од незнаење треба да се констатира не сакам јас да бидам судијата кој што кажува” – вели министерот за здравство Арбен Таравари.

Министерот ангажирал стручна комисија, а ќе се прави и вонреден инспекциски надзор од страна на ДЗСИ. Ќе влезат и на Детска клиника и во Козле.

“Заедно со ДСЗИ ќе формираме стручна комисија и веднаш да постапат и да ги земат сите детали во предвид и на крај да се донесе одлука и судот да одлучи каде е вината” рече министерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.