Во периодот од 12:00 до 14:00 часот, на дел од просторот на комплексот „Св. Наум“ во Охрид, припадници на Армијата на Република Македонија денеска продолжуваат со тактичко-техничките активности кои почнаа во текот на вчерашниот ден.

– Припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското Езеро кај комплексот „Св. Наум“, ќе употребат атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на Полициската станица Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, информираат од СВР Охрид.

Апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој настан.

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.