„Или застанете да го одбраниме достоинството на партијата или да си одиме подома сите“ се вели во дел од пораката, за која на социјалните мрежи се тврди дека е само една од повиците кон членството на СДСМ да присуствуваат на денешното одбележување на Илинден на Мечкин Камен, каде се обраќаше премиерот Димитар Ковачевски.

Дека слични пораки и притисок имаше врз сите од партијата, потврдија многу гневни членови на СДСМ.

Дел од нив, сепак се одзваа на позивот, па тргнаа кон Крушево „како стока“ – како што милува да каже претседателот Стево Пендаровски. СДСМ уверува дека „интересот на граѓаните бил голем“.

Но, сите што не успеаја да стигнат во Крушево и го следеа преносот на Македонската радиотелевизија, забележаа дека и оваа нарачана публика не беше доволна да ги надвика граѓаните кои ја исвиркаа делегацијата предводена од Ковачевски. Тоа до толку беше очекувано и извесно, што МТВ веќе имаше подготвено музика од студио за да ја пушти наместо оригиналното аудио.

За на премиерот да не му фали влакно, на Мечкин Камен беше ставена ограда колку што може подалеку од бината, за ако оние илјада полицајци нарачани да го чуваат не се доволно.

Порака до власта на СДСМ имаше и коњаницата која на премиерот му испрати јасна порака – „За кого – За Македонија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.