– Досегашниот претседател на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска ја предаде премиерската функција, на новоизбраниот претседател на Владата, Талат Џафери.
Претседателот на Владата Џафери беше пречекан од страна на Ковачевски, по што следеше кратка тет а тет средба и изјави за медиумите.
Како што соопшти владината прес – служба, на средбата досегашниот премиер Ковачевски, му го честиташе стапувањето на премиерската должност на новоизбраниот премиер Џафери и му посака успешен мандат и ефикасна работа, во името на интересите на сите граѓани и на Република Македонија.
-Претседателот на Владата Џафери искажа задоволство од досегашната соработка со Владата и истакна дека со особена одговорност ѝ пристапува на функцијата премиер, подготвен за сите предизвици кои ги носи извршната власт, се наведува во соопштението.
Ковачевски и Џафери, како што соопшти владината прес-служба, заеднички ја истакнаа важноста од организација и спроведување мирни, фер и демократски избори и ефикасно спроведување на утврдените владини политики согласно Програмата за работа на преодната Влада, во насока на евроатланските определби на Република Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.