Обвинителите барале тетовскиот суд да ги отфрли германските вештаци за сведоци со образложение дека германското вештачење било „беспредметно“ за овој случај. Тие самите го завеле вештачењето како доказ, без да образложат за што е доказ, а потоа бараат за истото да не се расправа. На аудио снимката од судското рочиштe обвинителите Зорица Павловиќ и Дејан Петрески од скопското обвинителство го отфрлаат барањето за расправа и сведочењето на германскиот експерт и ја набедуваат одбраната дека целта им е само да се одолговлечи судскиот процес.

Во меѓувреме, од Републичкото јавно обвинителство во јавен демант до ИРЛ, како реакција на на истражувачкиот документарен филм „Убиство во Тетово” , тврди дека новинарите лажат дека германското вештачење не било предложено како доказ во постапката и дека германското вештачење практично потврдило кој е виновен за несреќата, алудирајќи на спојот од кабелот.

Но, во аудиозапис од рочиштетото на кое се дискутираше дали германското вештачење да биде прифатено како доказ, кое се одржа на 2 март 2023 во Тетово, се слуша дека кога адвокатите на одбраната бараат во судницата да се повика форензичарот од германската полиција кој го извршил увидот и го изготвил вештачењето доставено од македонските истражни органи, Oбвинителството не се согласува.

Наодите на форензичарите од германската полиција не се презентираа ниту во судската постапка. А, всушност тоа е едно од клучните вештачења, покрај она на електровештакот, кое што ги посочува причинско – последичните врски на пожарот и неговото брзо ширење.

Целото аудио тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.