тре во Струмица ќе се одржи свечена Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница, а денеска по отслужување на Вечерна богослужба во манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ иконата ќе биде пренесена во храмот „Свети Григориј и Свети Димитриј Палама“, каде ќе биде оставена за поклонение на верниците, информираа од Струмичката епархија на МПЦ-ОА.
Свечената литија утре ќе тргне во 10 часот од пред храмот на „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама во Струмица, а свечената поворка ќе се движи кон градскиот плоштад „Гоце Делчев“.
Пред шест години, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама заштитникот на Струмичката епархија, иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.