Навредите, пцовките и дерењето кон службениците на претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, претставуваат тешка повреда на Кодексот за етичко однесување во Собранието.

Не дека е одмерен, смирен, професионален или работи по протокол пред камерите додека траат собраниските преноси, но на снимката што незапирливо се шири по социјалните мрежи и по медиумите, јасно се слуша дека спикерот Џафери уште полошо се однесува зад нив, особено со луѓето што се вработени по собраниските служби.

Во Кодексот, член 14, јасно пишува дека омаловажувањето, како и вршењето притисок врз државните службеници е тешка повреда.

Мерка за тешките повреди врз Кодексот е јавна опомена, но како и за сè досега, судејќи по правдањето на премиерот Димитар Ковачевски денеска, правдата ќе остане слепа.

Таа снимkа ја погледнав, но се работи за некаков разговор на кој не се гледа ниту кој разговара, ниту со кого разговара. Затоа, од таа причина не можам да коментирам дали претседателот на Собранието разговара со некого во сала, дали е тој вработен или не е. Навистина не можат да дадам конкретен одговор зашто на снимката не се гледа кој зборува и со кого зборува, одговори Ковачевски денеска на новинарските прашања за скандалозното однесување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.