Судскиот совет денеска ќе ја одржи 498. седница на чиј дневен ред е утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија и констатирање на престанок на мандат на член на Судскиот совет поради истек на времето за кое е избран.

На дневен ред на седницата се уште две точки – одлучување по известувања на комисии за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд и формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.