Седум судии од 42-ца судии незадоволни што на 1 јули беа пензионирани поднеле жалби и приговори до Судскиот совет.

Судиите од Битола, Штип и Струмица, меѓу кои и двајца претседатели на судови, аргументирале дека одлуката на советот да ги пензионира е спротивна на Уставот, дека претходно веќе им бил продолжен работниот век и по 64-та година, но и дека Законот за работни односи, кој не беше изгласан на 1 јули, сѐ уште е во собраниска процедура, како и дека треба да си го довршат претседатескиот мандат од 4 години, објави Телма.

Пензионираните судии не можат да се вратат. Нови излезени од академија ќе може да се избираат на крајот на годината. До тогаш Судскиот совет ќе ги пополнува празнините со делегирање судии од еден во друг суд.

Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, вели дека пред околу еден месец испратиле до сите судови писмо со кое бараат судиите сами да се пријават да бидат прераспределени во друг град. Веќе ги добиле и првите судии доброволци. Но Црвенковска е оптимист дека нема да има застој во предметите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.