Судскиот совет на денешната 481 седница поради исполнување на услови за старосна пензија донесе одлука за престанок на мандатот на судијката на Управен суд Дрита Мехмети и судијата на Основен кривичен суд Јане Тапанџиевски.

Одлуката за престанок на мандатите на Мехмети и Тапанџиевски заклучно 13.3.2024 година ја донесе едногласно.

Советот на денешната седница расправа и за донесување на Одлука за утврдување на бројот на слободни судиски места на X-та генерација на слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители, додека на дневен ред е и постапувањето по приговор поднесен против решенија на Судскиот совет на Република Македoнија за престанок на судиска функција, за престанок на мандат на член на Советот и за престанок на работниот однос, Мери Радевска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.