Вработените во судската администрација најавија бел штрајк заради неисплатениот додаток на платата за април. Тие денеска ќе се јават на работните места, но немада ги извршуваат своите секојднвени задолженија.

Претставници на нивните сидникати имале средба со претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиевски, кој истовремено е и прв човек на Судскиот буџетски совет, кој треба да ги одобри парите за нивните додатоци. Георгиевски побарал од нив трпение до септември.

Разликите во плата од судија до службеник или стручен соработник се огромни и на овој начин не можат повеќе да работат заедно со нив со оглед на тоа дека само ним им се покачува платата, а за судската служба нема ни за додатоци на плата, велат синдикалците и бараат додатоците за плата да се исплати уште во мај.

Синдикалците сега ќе бараат средби со претставници на министерствата за правда и за финансии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.