Она што се зборуваше на Економскиот совет е платите на функционерите да се намалат. Но исто треба да биде јасно дека платите на функционерите не си ги зголемија самите туку тоа го стори Уставниот суд, вели министерката за труд и социјална работа Јованка Тренчевска во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

Одлуките на Уставен суд мора да се почитуваат. Досега зедовме една зголемена плата. Ќе најдеме решение за оваа ситуација и тоа ќе биде решение за сите работници вклучително и функционерите, а тоа ќе биде системско решение, вели министерката Тренчевска.

Професорот Лазар Јовески коментира дека е неетички работниците да добијат зголемување на платите до 2028 година додека функционерите веќе имаат зголемена плата. – Револтот кај сите вработени е голем, а другите вработени се чувствуваат понижено вели професорот кој додаде дека еден професор има плата од 30 илјади денари која сукцесивно се зголемува минимално.

Ние како Влада сме расположени да разговараме и да преговараме со работниците за платите, вели Тренчевска.

Според професорот Јовески овој проблем кој предизвика револт во јавноста треба да се реши со закон со европско знаменце. Тој го посочува примерот со Шведска каде соодносот меѓу најниската и највисоката плата е 1 спрема 5, а минималната плата во Шведска е 2.150 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.