Пресудата за случајот „Титаник 2“ била меѓу последните што ја потпишал судијата Огнен Ставрев, кој по кратко боледување почина на 5 февруари.

Ставрев беше претседател на судечкиот совет во Основниот кривичен суд Скопје кој на 23 јануари годинава во овој предмет изрече двегодишни затворски казни за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешни членови на Државната изборна комисија (ДИК).

Пресудата во моментов е во фаза на доставување до странките.

Судијата постапуваше и како претседател на совет во предметот ’Титаник 2‘, предмет кој е завршен со првостепена пресуда која е писмено изработена и во фаза на достава до странките, велат од судот за „360 степени“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.