Снимката на која наводно разменува нежности со својата љубовница во просториите на Скопскиот суд не беа пречка за Бесник Авдија да стане нов претседател на Граѓанскиот суд.

За него едногласно гласаа 11 членови на судскиот совет. Знаат дека е вмешан во секс скандал, ама бидејќи нема дисциплинска постапка, не најдоа причина да не гласаат за него, пренесува „Сител.мк“

Снимката за судијата Авдија во медиумите  е објавена уште пред 4 години, но оттогаш до сега, судскиот совет не видел потреба да провери со каков интегритет располагаат судиите кои службените простории ги користат за средби со љубовниците.

Извор: Сител.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.