Од Студентски отпор денеска испратија соопштение во кое истакнуваат дека УКИМ со воведувањето на нови дополнителни прошоци ја преминал границата на студентското трпение.
Како што велат, тие собрале речиси 900 потписи на петиција против овие трошоци.
– УКИМ со воведувањето на новите, неразумни дополнителни трошоци ја премина границата на студентското трпение! Петицијата против овие трошоци веќе собра речиси 900 потписи, јасен сигнал дека студентите нема да молчат пред неправдата! – се вели во соопштението.
Велат дека нивните барања се јасни и недвосмислени.
– 1. За наредниот зимски семестар (2025/26), овие трошоци мора да бидат целосно укинати.
2. За летниот семестар на учебната 2024/25 година, ратата да се намали за износот на веќе платените нови давачки.
Ова не се предлози, туку ултиматум! Студентски Отпор нема да дозволи студентите да бидат искористени за нови финансиски товари. Ако овие трошоци не бидат укинати, спремни сме на масовен протест и радикален отпор до исполнување на нашите барања! Нашата борба е за правда, за пристапно и правично образование, без непотребни трошоци!- се вели во соопштението од Студентски отпор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.