Студентите од Педагошкиот Факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, поради бирократски проблеми се оставени без средства за субвенционираниот студентски оброк од почетокот на академската година во октомври, алармираат од Студентски отпор.
До студентското движење во изминатиов период пристигнале голем број на поплаки во однос на овој проблем, кој, според нивните дојави, е настанат од „неспособноста на деканатот на Педагошкиот факултет во Битола, кој навреме не доставил листа до МОН на редовни студенти“.
Откако во МОН со задоцнување пристигнала листата на редовни студенти, поради непознати за нас причини се уште на студентите од овој факултет им немаат исплатено средства. Додека стотици илјади евра за патни трошоци на пратениците има, за исплата на субвенциониран студентски оброк за сите студенти, очигледно нема. Затоа јавно, повторно повикуваме министерот за образование Јетон Шаќири, како одговорен за најнеспособното министерство за образование во историја на независна Македонија да си поднесе НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА. Бидејќи очигледно не е способен да ја врши оваа функција на задоволително ниво, велат од Студентски отпор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.