Ајде да ги замениме нашите оброци со вашите, се вели во пораката на „Студентски Отпор“ до владините функционери.
Додека студентите секојдневно треба да прават пресметки и да стравуваат дали ќе им стигнат 140 денари на ден за убав и квалитетен оброк, функционерите се „гоштеваат“ штедејќи врз грбот на студентите. Иако имаат поголем стандард од нас студентите, иако си ги зголемија веќе високите плати за 78%, сепак функционерите одлучуваат студентите да гладуваат додека тие комотно седат на кожни фотелји без грижа и совест за студентите.
Не е подобра ситуацијата во студентските домови.
Студентите кои престојуваат таму, се жалат дека соочуваат со низа проблеми кога е во прашање храната, укинат им е појадокот, често наоѓаат инсекти во оброците, минатата година студентите од Студентскиот Дом Пелагонија се затруја со храна.
На функционерите им порачуваме: „Ајде да го замениме нашиот сув и бајат леб за вашите функционерски оброци!“
Студентски Отпор будно ќе ја следи ситуацијата во наредниот период, се вели во реакцијата на студентската организација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.