Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека сообраќајот Крива Паланка – Деве Баир е во прекин, поради паднати дрва на патот. Велат дека екипата е на терен и работи на расчистување на патот.

Известуваат и дека сообраќајот што се одвива од Гостивар – Стража е оспособен за сообраќај, а забраната за тешките товарни возила уште е во сила.

(ОБНОВЕНО 22:00) Автопатот од Миладиновци кон Свети Николе сега е прооден со отежнато движење. Од Свети Николе кон Миладиновци е затворен поради наноси од снег и подмрзнување на коловозните ленти



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.