Изјавата на лидерот на МААК Страшо Ангеловски дека лично се познавал со Панче Жежовски не привлече големо внимание во јавноста.Посебно беше интересна информацијата дека Панче неколку дена пред да биде убиен му испратил порака дека сака да се видат.
Затоа “Република“ го праша Ангеловски дали полицијата го исконтактирала за да дознае за што разговарале.Тој вели дека полицијата ништо не побарала од него.
Сакаше да се видиме заради негово активирање во политиката.Од МВР до сега ништо не побараа од мене.Најверојатно нивната проценка е дека не е битно за истрагата-објасни Ангеловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.