Амбасдата на Шведска упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста.

– Среќен Ден на независноста, Македонија! 🇲🇰 Амбасадорката Ами Ларсон Џаин ја имаше честа да се приклучи на прославите организирани од Владата, вклучително и свечена церемонија во Филхармонијата и полагање венци на спомен-обележјата на првиот претседател Глигоров и претседателот Трајковски, објави на платформата Х, амбасадата на Шведска.

Британската амбасада во Скопје го честиташе Денот на независноста на Република Македонија.

– Честит Ден на независност! Ми претставува особена чест што испративме писмо од Неговото Величество, Кралот Чарлс Трети, до претседателката Гордана Сиљановска Давкова, за да го честитаме празникот на сите граѓани и да го потврдиме блиското пријателство помеѓу државите, истакнал британскиот амбасадор, Метју Лосон.

По повод одбележувањето на Денот на независноста, Ендру Бренд, претставник на Британската амбасада положи венци во знак на почит пред вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, првиот претседател на македонската Влада Никола Кљусев како и пред Споменикот на паднатите борци од НОБ.

Германската амбасадорка Петра Дрекслер упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста.

– Честит Ден на независноста и честитки до сите граѓани на Македонија, објави Дрекслер на платформата Х.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.