САД веќе 30 години се наш долгогодишен стратешки партнер со кого преку процесот за Стратешки дијалог ги унапредуваме нашите односи на ново, значајно ниво, согласно евро-атлантскиот курс на нашата земја, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.

Честит 4 Јули, Ден на независноста на Соединетите Американски Држави! Високо ја цениме поддршката од САД, кои веќе 30 години во текот на нашата независност се наш долгогодишен стратешки партнер и со кого преку процесот за Стратешки дијалог ги унапредуваме нашите односи на ново, значајно ниво, согласно евро-атлантскиот курс на нашата земја. Партнерството со САД беше силна поддршка во остварувањето на нашата стратешка цел, членството во НАТО. Остануваме на позициите и јасните определби, за јакнење на заедничките вредности, на демократијата и на слободата, кои се единствен темел за создавање вистински вредности и прогресивно општество, за просперитет на нашите народи, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.