Претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски на 21 ноември ќе биде домаќин на официјалната посета на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на Скопје.

Од владината прес-служба денеска соопштија дека посетата на Столтенберг ќе започне со официјална церемонија во Владата проследена со заедничка прес-конференција.

Република Македонија ќе биде домаќин на неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот во Скопје, на 22 ноември 2023.

Како што е најавено од Владата, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски ќе ги пречекаат поканетите лидери од Република Албанија, премиерот Еди Рама, Република Хрватска, претседателот Зоран Милановиќ, Република Црна Гора, премиерот Милојко Спајиќ и Република Словенија, премиерот Роберт Голоб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.