Димитар Ковачевски и СДС да се изјаснат по однос на предлозите на ВМРО-ДПМНЕ. Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ го гарантираат нашиот идентитет, јазик и историја, а истовремено ја забрзуваат интеграцијата во Европската унија, рече Бојан Стојановски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Со одложено дејство на уставните измени т.е. со нивно влегување во сила кога ќе станеме членка на Европската унија и се зема алатката за уцени на Бугарија од раце. Со одложената примена на уставните измени, Бугарија од потенцијален кочничар на Македонија, ќе стане активен чинител за забрзување на нашата интеграција.
Во таква ситуација на одложено дејство на уставните измени, секое дополнително кочење на Македонија од страна на Бугарија, ќе ризикува за нив никогаш да не се ефектуираат уставните измени. Токму затоа, наместо потенцијален кочничар, во таква ситуација ќе добиеме најголем застапник за нашата евроинтеграција.
Одложената примена на уставните измени, не е кршење на преговарачката рамка и нема дополнителни уставни и идентитетски отстапки, со самиот чин што ќе се заштитиме од идни уцени. Покрај тоа, овој предлог опфаќа и преодна влада без ДУИ.
Од друга страна и вториот предлог кој го предложи претседателот Мицкоски, опфаќа избори на есен, барање гаранции од ЕУ за нашиот многувековен идентитет, барање од Бугарија да имплементира најмалку 3 пресуди на Европскиот суд за човекови права за правата на Македонците и барање на финансиски пакет за државата од Европската Комисија. Исто како и првиот, така и овој предлог ја гарантира нашата интеграција и идентитет.
СДС и Ковачевски мора да се изјаснат кој од овие два предлози ги прифаќаат.
И со двата предлози добива Македонија. Губи само ДУИ кои одат во опозиција и губат криминалните структури по промената на власта, бидејќи ќе има одговорност за секој што се огрешил пред законите.
Затоа гледаме како Ковачевски од ден на ден се демантира себе си. Прво не ги прифаќаше предлозите, па свика состаноци да ги дискутира истите, па сега пак нема став.
Ајде Ковачевски, конечно изјасни се, вели Стојаноски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.