Простор за сомневање има за пропусти во тековното функционирање и работење на КП „Идризово“ меѓутоа очекувам дека истрагата ќе даде подетални изгледи за тоа кој бил можел тоа да го прави и дали има инволвираност на вработени од затворот, вели Јовица Стојановиќ, в.д директор на Управата за извршување санкции во вечерашното гостување на ТВ Телма. Оваа изјава на Стојановиќ доаѓа по случајот кога лица осудени на високи затворски казни планирале организирано бегство и ископале тунел долг четириесет метри, на длабочина од околу еден метар и широк околу 80 сантиметри во дијаметар.
„До конечно излегување на слобода на тие што го планирале тоа останале уште 32 метри што значи дека не излегле надвор од периметарот на ѕидот. Спрема поставеноста и структурата на тоа што видено на терен евидентно е дека тоа е работено подолго време. МВР излезе со бројка од осум осудени лица што се сомневаат дека учествувале во таа работа. Ние се уште немаме сознанија кој бил дел од тоа и претпоставувам дека ќе имаме тесна координација и со Обвинителството и со органите на прогонот за да најдеме кој и како тоа го има направено“, вели Стојановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.