Никој не ја спори важноста на проектот, но имаме наместен тендер за надзор од 22 милиони евра, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.

Стојаноски посочи дека никој во државата не знае колку ќе чини изградбата на автопати, а тоа го кажал и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

Прво никој во државата не знае колку ќе биде цената на овие автопати. Денеска тоа го кажа и Рустеми. За да знаете вие која е проценета вредност на било која траса требе да имате завршено проект. А по сите градежни правила, јас сум зборел и со професори на Градежниот факултет секогаш таа проценета вредност е за 20 до 30 проценти повисока заради непредвидени градежни работи на траса. Ние во овој момент само шпекулираме односно сметам дека таа ќе биде проценетата вредност а немаме проект пред нас. Ние сега допрва ќе ги проектираме тек допрва трасите и врз основа на тие проекти и тоа што ќе го најдеме на траса ние ќе видиме колку ќе чини овој проект – рече Стојаноски.

Тој истакна дека се сомнева во капацитетот на владата и тоа колку е способна да ги изгради овие автопати, имајќи во предвид дека два автопати Кичево Охрид седма година по ред не може да го изгради, како и автопатот Блаце Скопје од 2 километри за кои има обезбедено и финансиски средства.

Втората работа е дека јас не можам да бидам сигурен дека оваа влада ќе ги заврши овие автопати, а ќе споменам само 2 автопати кои што не се завршени, тоа е Кичево Охрид 7 година, и Блаце Скопје 2 километри, 5 години ги градат, обезбедени се средства, а не може да ги изградат – рече тој.

Стојаноски ги отфрли обвинувањата од страна на СДС и владата дека ВМРО-ДПМНЕ фрла дамка врз целиот проект, нагласувајќи дека дамка фрла владата што доделува тендер на спорна компанија за надзор.

Дамка фрла владата заради тоа што и во онаа ингеренција која и е доделена од аспект на изградба на овие проекти, не срами пред светот со вакво доделување на тендер на спорни компании за надзор, потенцираше Стојаноски.

Стојаноски изјави дека го повикува јавното обвинителство да реагира и да го истражи случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.