Новото парламентарно мнозинство продолжува со исполнување на предизборните ветувања, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски.
На денешната пленарна седница ќе бидат разгледувани 10 закони од областа на енергетиката, рударството и минералните суровини со кои новото Министерство станува оперативно, а и се укинуваат одредени институции што беше и наше предизборно ветување. Имено, со овие измени Агенцијата за енергетика нема повеќе да постои. Надлежностите и вработените ќе бидат преземени од Министерството, а нема повеќе да има директор и управен одбор. Во оваа насока во Агенцијата за задолжителни нафтени резерви се разрешува постојниот управен одбор и повеќе нема да постои овој орган. Надлежностите на управниот одбор преминуваат кај Министерството и Директорот. Накратко, укинуваме два Управни одбори, еден директор и една институција. Со останатите закони надлежностите од досегашното Министерство за економија од областа на енергетиката, минералните суровини и рударството преминуваат во новото Министерство согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа кој се донесе со двотретинско мнозинство – истакна Стојаноски.
Овие законски измени се предуслов за исполнување на стратешката определба на Владата за енергетска независност на државата, а тоа ќе значи и пониски сметки за струја за домаќинствата, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.