Во денешната емисија ,,Dailyclick“ на Телевизија 21, гостуваше пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ и изрази јасен став дека не може некој кој речиси две децении бил дел од власта и имал безброј прилики да го промени механизмот што самиот го критикува, сега да се појавува каков негов бранител.

Стојаноски посочи на фактот дека претходната власт не покажува интерес за конструктивни предлози, туку, откако замина во опозиција, единствено се фокусира на заканите за дестабилизација. Според него, овие потези служат за заштита на криминалот.

Механизмот кој моментално постои не само што не дава резултати, туку и ги надмина своите можности. Сите права на граѓаните се загрозени. Ние предложивме нов механизам кој ќе биде транспарентен и ги вклучува сите заинтересирани страни, рече Стојаноски, нагласувајќи дека новиот систем мора да биде донесен со консензус во парламентот и со поддршка од Венецијанската комисија.

Стојаноски посочи на конкретни примери на злоупотреба и недостапност на информации, истакнувајќи дека некои од членовите на ДУИ имаат кривични пријави. „Заврши времето на недопирливите“, додаде тој.

Тој обвини дека СДСМ ги политизираше законите,а моментално се бори за опстанок на политичката сцена, додека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се фокусира на антикорупциските мерки.

Граѓаните очекуваат од нас да расчистиме со криминалот и корупцијата. Сите доказите ги доставуваме до јавниот обвинител, и ако нема намера да делува, ќе видиме какви ќе бидат последиците, заклучи Стојаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.