Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, посочува дека правосудството и реформите во судството со кадрите на СДСМ завршуваат со супспензии и дисциплински постапки. Тој ја критикува власта, на која и порача: „Еднаш ќе мора да се соочите со правдата и да одговарате за сите зла и криминали што ги направивте“.

Почнувајќи од фамозното СЈО, епилогот со Катица Јанева која беше фатена буквално како рекетира, а ни беше претставувана како “спасител” на правдата, другите обвинители од тоа обвинителство кои поверуваа дека се поп ѕвезди па во очи на цела јавност лажеа за патувањата и посетата на стадионите, се до денеска кога уште едни “лажни величини” на правдата на СДСМ се извадени пред очите на јавноста за нивната нечесност и криминогеност.

Поставени на тие функции да служат единствено во политички потреби и да судат и обвинуваат само на оние кои размислуваат различно од СДСМ. И не, не беа тие преписки за правда. Беа за пари, власт и моќ. Си беа влегле меѓусебно во шемите, а криминалците вака се пресметуваат меѓусебе. Ама нема да заврши само со оставки, напиша Стојаноски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.