Според најновите информации кои ги објавија медиумите Електра Солушнс преку која ќе поминат најмногу пари од договорот за надзор, 8.3 милиони евра, има само четири свои вработени ангажирани на проектот и тие 4 ги вработила на 20.10.2022 година, т.е. откако ја добиле лиценцата за надзор рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Се поставува прашањето како тогаш Електра Солушн ги исполнила условите за издавање на лиценца за надзор, и дали само времено вработила лица за да добие лиценца, а потоа истите тие лица не ги ангажира на проектот? Дополнително симптоматично е што на фирмите членки на Конзорциумот им фалат клучни документи во договорот за надзор за 23 експерти, за кои нема доказ дека работат или се ангажирани од една од фирмите. За сите овие лица Електра Солушн, Евро Консалтинг, ИРД и ЕПТИСА ќе наплатат огромни суми на пари, кои се неколкукратно повеќе од сумите кои се наплаќани за надзор на други проекти. Мора да напоменеме дека парите кои се предвидени за одреден кадар не се слеваат кај работниците, туку кај фирмите, а тие исплаќаат дел од сумата на име плата или договор за дело, a остатокот останува за надзорот, вели Стојаноски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.