Контролите кои се спроведени од страна на институциите во ЈЗУ и клиниките ставаат на површина факти дека СДС и ДУИ во здравството гледале бизнис. Злоупотребувани се јавните набавки во ЈЗУ и клиниките. Покрај матните тендери на Филипче на централно ниво, за кои јавноста е запознаена, злоупотреби се правени низ поголемиот број на ЈЗУ, обвинува Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Од извршените целосни финансиски контроли во 24 ЈЗУ за 2023 година, кај 19 ЈЗУ се утврдени неправилности во делот на контролата на спроведувањето на постапките за јавни набавки.
Лоцираните неправилности се во следните ЈЗУ: УК за максилофацијална хирургија – Скопје, Здравствен дом – Гостивар, Здравствен дом – Ресен, Здравствен дом – Струга, УК за урологија – Скопје, УИ за радиологија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје, УК за психијатрија – Скопје, Клиничка болница – Тетово, Здравствен дом – Делчево, Здравствен дом – Демир Хисар, Институт за јавно здравје – Скопје, Општа болница – Струга, Здравствен дом – Велес, Општа болница – Струмица, Општа болница со проширена дејност – Дебар, Центар за јавно здравје – Скопје, Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија ,,Св.Еразмо“ – Охрид, Здравствен дом – Пробиштип – откри тој.
Стојаноски порача дека неправилностите во здравството, го метастазирале системот – злоупотребите излегуваат на површина, одговорност ќе има.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.