Кадрите на СДС и ДУИ во судството го пуштија Блерим Рамадани да избега, неопходни се итни реформи во судството, вели на денешната прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски.
Тој истакнува дека Пајазит Пајазити, судија близок до ДУИ и СДС го пуштил Блерим Рамадани во куќен притвор, за лесно да избега.
Пајазит Пајазити е истиот судија кој одлучуваше и за упадот во кулата за летање на аеродромот, и за условната пресуда на Иџет Мемети во случајот со поткуп. Секогаш кога СДС и ДУИ имаат интерес тука е Пајазит Пајазити – вели Стојаноски.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат институциите веднаш да отворат постапки и Пајазит Пајазити да биде разрешен од функцијата судија.
Инсталациите на СДС и ДУИ во судството мора да го ослободат системот, за тој да може да функционира. Одговорност за Пајазити веднаш – нагласува Стојаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.