„За прв пат после 10 избори и реконструкции на влади во изминативе 7 години имам можност и чест да зборувам за предлог за Влада и нејзина програма. Одговорноста е една од најбитните компоненти за една личност, за еден народ, за една држава и особено за една власт. Одговорноста значи внимателност, посветеност, сериозност, професионалност, транспарентност, комуникативност, седнување на маса, слушање критики, прифаќање предлози”, истакна пратеничката Дафина Стојаноска на денешната собраниска седница.
Таа продолжи и додаде:
„Народот ни даде доверба и очекува од нас. Народот ја казни аздисаната власт на ДУИ и СДСМ, власт која владееше 7 години како картел и која ништо не реализираше освен што се збогати на сметка на лагите и воведе хаос во институциите, со недоверба во судството и исели нови илјадници граѓани од Македонија и што не направи “најпопуларни” по криминал и корупција”, рече Стојаноска.
Во однос на кадровските решенија таа посочи дека се професионалци.
„Што се однесува до кадровските решенија, Мицкоски избра играчи, смисли стратегија и поставува игра за која сите се екстремно подготвени. Тие се чесни, вредни и посветени. Доволно се компетентни и искусни”, потенцираше Стојаноска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.