И да се случеше измена на Уставот, немаше да станеме земја членка на ЕУ. Промена на Уставот не е прашање број еден за влез во ЕУ, туку прашање број еден е корупцијата и криминалот во Македонија. ЕУ не сака држава членка во која што цветаат криминалот и корупцијата, истакна Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6 во гостување во емисијата на ТВ21.
Стојаноска додаде дека потребни се соодветни и компетентни луѓе за надворешна политика.
Таа во текот на своето гостување додаде дека во овие седум години СДСМ ништо не направи, дури и тие се виновни за оваа промашена економија која најмногу ја чувствуваат граѓаните на свој грб. Тендери во 4 очи секојдневно се склучуваа и се богатеше актуелната власт.
„Сега од СДСМ можеме да слушнеме најубави ветувања, затоа што нема да има можност да ги реализираат. Но, морам да потсетам дека за седум години потрошија 20 милијарди буџетски средства, а не видовме ниту една капитална инвестиција, ни нов Клинички центар, ниту автопатот Кичево – Охрид, по година дена потпишување договор „Бехтел и Енка“ не е ништо започнато. Така да сега можат да ветат се, но тие треба да дадат отчет и да одговараат зошто не реализираа ништо“, заклучи Стојаноска.
Таа нагласи дека крадење веќе нема да има, СДСМ заминува во опозиција. Владата на ВМРО-ДПМНЕ се што ветува во кампањата се ќе исполни и реализира.
„Во Македонија поради актуелната власт царува криминалот и корупцијата. Ниту една акција на очигледен криминал не преземаа“, укажа таа.
„Ние денеска сме на дното, заглавени во криминалот и корупција. А, власта вели дека цветаме и дека се е во ред“, рече Стојаноска.
Таа укажа дека „Европскиот фронт“ е фронт за криминал и корупција. Сиромаштијата и бедата во Македонија е резултат на енормниот криминал и корупција кои ги има поради актуелната власт. Во Македонија разочарани се сите и Македонци, Албанци, Турци и Власи.
„Не може да се обединуваме со луѓето кои што го искористуваат лажно името „Европски фронт“, а во суштина тоа е фронт само кражби и пљачки. Тоа е фронт за криминал и корупција. Името на ЕУ го злоупотребуваат“, нагласи таа.
„Од програмите на СДСМ кои повикуваа „Живот за сите“ и „Едно општество за сите“ донесоа како резултат само беда и сиромаштија. Иселувањето од Македонија е резултат на бедата и сиромаштијата“, појасни Стојаноска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.