Во текот на вчерашниот ден во доцните попладневни часови до Центарот за управување со кризи стигна пријава од загрижен граѓанин којшто не извести дека на средината на мостот над Маркова Река пред скопската населба Драчево во првиот дел од мостот постои голема дупка што претставува опасност за безбедноста на возилата што се движат по овој мост, информираат од ЦУК.
Од страна на ЦУК е веднаш известено ЈП Улици и патишта Скопје, Општина Кисела Вода, Град Скопје и Министерството за внатрешни работи (МВР). Од страна на ЈП Улици и патишта доцна синоќа дупката е обележена. Оваа дупка претставува опасност самата по себе доколку некое тешко товарно возило или автобус згазне врз неа. Но, истата оваа дупка најверојатно ја нарушува статиката на мостот, а со тоа и неговата безбедност, се вели во соопштението.
Инаку, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов од лице место го процени ризикот за безбедноста на минувачите.
Како што истакнавме во повеќе наврати, за нас во ЦУК на прво место секогаш е безбедноста на граѓаните. ЦУК ги повикува сите граѓани, кои ќе забележат било каква опасност што може да го загрози нивниот живот или здравје, да ја пријават на бесплатниот телефонски број 112, а понатаму ние ќе ги превземе сите неопходни дејства, додаваат од ЦУК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.