Досегашниот лидер на Достоинство и единствен кандидат за претседател Стојанче Ангелов на денешниот конгрес на партијата беше реизбран да ја предводи уште четири години.
Во својот отчет Ангелов се осврна на појавата и улогата на Здружението Достоинство кое беше формирано во 2007 година како здружение на македонските бранители чија цел беше решавање на напластените проблеми како и борба за правата на бранителите, воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите бранители.
На конгресот избрани беа и генерален секретар и извршен комитет на партијата, а беше усвоен и нов партиски Статут.
За генерален секретар беше реизбран досегашниот генерален секретар Драган Василевски.
Новиот Извршен комитет на Достоинство брои 9 члена. Во него покрај преседателот Стојанче Ангелов и генералниот секретар Драган Василевски (пензиониран старешина од армискиот воздухопловен винг) беа избрани и:
– Горан Здравковски, поранешен полициски генерал, командант на Единицата за специјални задачи Тигар од 2001 до 2003 година;
– Звонко Тренчовски, поранешен полициски полковник, помошник командант на Единицата за специјални задачи Тигар од 2001 до 2002 година;
– Д-р Страшо Глигоров, поранешен полициски полковник, главен инспектор за обука во Единицата за специјални задачи Тигар од 2001 до 2003 година;
– Богослав Лескаровски, пензиониран армиски полковник, поранешен воен аташе во Вашингтон, САД;
– Владимир Лазаров, пензиониран армиски полковник, поранешен командант на армискиот воздухопловен винг, пилот на борбен хеликоптер МИ24 и борбен авион Сухои во 2001 година;
– Сашо Величковски, пензиониран армиски капетан, воен инвалид од 1999 година;
– Зоран Китаноски, поранешен армиски капетан во резервниот состав на АРМ, воен инвалид од 2001-та.
Во својот отчет претседателот на Достоинство Ангелов се осврна на појавата и улогата на Здружението Достоинство кое беше формирано во 2007 година како здружение на македонските бранители чија цел беше решавање на напластените проблеми како и борба за правата на бранителите, воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите бранители.
Покрај оваа борба една од најголемите заслуги на Достоинство беше враќањето на подзаборавената воена 2001-ва како тема во медиумите и целокупната македонска јавност.
Во 2011 година од здружението Достоинство произлезе политичката партија Достоинство која самостојно или во коалиција има настапувано на 4 парламентарни избори и 3 локални избори.
По изборот за претседател на Достоинство, Ангелов пред присутните делегати и пријатели ги образложи планот и програмата на Достоинство за следниот 4 годишен период од кои посебно се издвојуваат заложбите за:
– Промена на изборниот модел, Македонија една изборна единица;
– Развој на демократските процеси во Македонија;
– Владеење на правото и правна држава;
– Борба против корупцијата и организираниот криминал;
– Влез на Република Македонија во Европската Унија;
– Понатамошен развој на Армијата во модерна и ефикасна армија;
– Модерна и ефикасна полиција за успешна борба против сите видови на криминал;
– Јакнење на системот на националната безбедност;
– Јакнење на системот на цивилната заштита, кризниот менаџмент и менаџментот на инциденти;
– Позитивна а не етничка и партиска селекција;
– Унапредување на правото на различно мислење и борба против омраза, осуда и напади предизвикани поради искажано различно мислење;
– Намалување на омразата и помирување помеѓу Македонците како и продолжување на процесот на меѓуетничко помирување помеѓу Македонците и Албанците.
Иако односот на Бугарија кон Македонија и Македонците е исклучително нечесен и провокативен, во име на повисоката цел, интеграција во ЕУ и надминување на условениот почеток на преговорите за членство во ЕУ, Ангелов изрази поддршка за влез на Бугарите во македонскиот Устав.
За односот на државата кон бранителите Ангелов изрази генерално незадоволство од сите досегашни власти, понатаму детално образложи што Достоинство досега има направено за македонските бранители како и ги најави следните активности за решавање на некои од проблемите со кои се соочуваат дел од воените инвалиди или членови на семејствата на загинатите бранители и воедно образложи каква е можноста за евентуално унапредување на правата на македонските бранители од 2001-та вклучително и евиденција на учесниците во војните при распадот на поранешна Југославија во 1991 и 1992 година.
Воедно информира за иницијативата која вчера (09.12.2022) беше доставена до Владата на РС Македонија за праведно обесштетување на петнаесетина семејства на загинати бранители како и триесетина воени инвалиди кои сеуште не се обесштетени.
Во завршните зборови напомена дека Достоинство на следните парламентарни избори ќе учествува во коалиција единствено доколку партијата добие добитно пратеничко место и влез во републичкото Собрание. Во спротивно најави самостоен настап на Достоинство на следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се одржат.
На крајот на говорот ги информира присутните дека Достоинство започна со изработка на серија документарни “Воени раскази“ во кои ќе бидат снимени сведоштва за крвави битки и настани во кои учествуваа припадници на македонските безбедносни сили, учесници во одбраната на Македонија во 2001-та.
Во завршните зборови напомена дека Достоинство на следните парламентарни избори ќе учествува во коалиција единствено доколку партијата добие добитно пратеничко место и влез во републичкото Собрание. Во спротивно најави самостоен настап на следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се одржат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.