Срамно е тоа што се случува, срамно е што сега отповикувањето на Виктор Димовски, односно оспорувањето за функцијата на Димовски веројатно од локацијата каде што беше именуван за амбасадор се случува. Но, тука не треба да заврши скандалот со безбедносниот систем!“, одговори Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на новинарското прашање каде што се бараше коментар за тоа што власта најави отповикување на Виктор Димовски од амбасадорската функција, како и реферирање на Зарко Милошевски за случајот со Онишченко.

Стоилковски исто така нагласи дека на многу прашања треба да одговори и Димитар Ковачевски.

Еве на пример, Димитар Ковачевски има многу што да одговори. На пример дали Зарко Милошевски, новиот шеф на АНБ, пулен на Миле Зечевиќ за шеф на својот кабинет во АНБ ја поставил истата личност шеф на кабинет и на екс директорот на УБК? Ковачевски мора да одговори дали Зарко Милошевски бил награден за успешна акција во Диво Насеље? И Ковачевски и потоа мора да одговори дали смета дека акцијата во Диво Насеље, за која што бил награден Зарко Милошевски била успешна полициска акција“, запраша Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.