Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во панел дискусијата наречена „Европски практики во Локалните самоуправи“ истакна дека токму од работата на градоначалниците во општините најмногу зависи дали луѓето ќе си одат од државата или ќе останат да ја градат нивната иднина во нивното родно место.
Првата слика и одлуката на човекот дали сака, дали може да остане во своето место и во Македонија или да се исели , зависи од работата и односот на локалните власти кон него и неговите потреби. Уште од дете, како младинец, граѓанинот ги осознава работите околу себе, а првата средба со државата и нејзиното функционирање му е веднаш штом ќе излезе од својот дом.
Македонија е држава во расчекор. Држава која што се прослави како прва во светот што имаше целосна покриеност со интернет мрежа. Од друга страна, држава која што се уште влече проблеми со покриеност со основната инфраструктура- водовод, канализација, струја, потоа инфраструктура- асфалт, парк, тротоар, градинки, училишта, амбуланти, потоа осветлени улици, еколошки мерки, мерки за чист воздух, справување со бездомни животни.
Следува економскиот момент- нови работни места, вработување, напредување, можност за создавање на семејство и иднина. Предизвиците односно веќе основни потреби, се стандарди за современо живеење и во Македонија. Македонија е подолго време кандидат за членство во ЕУ, пред неа се прашања кои што не се однесуваат на овие основни стандарди за живеење. Нема да навлегувам во нив сега. Но, Локалните власти имаат огромна улога за сликата и впечатокот кај граѓаните за државата колку таа ги задоволува потребите за квалитетот на негово живеење.
И сликата како и дали некоја политичка опција потоа треба или може да ја преземе улогата и да ги води политиките во државата на локално и централното ниво. И затоа сметам дека Локалната власт, од Градоначалник, советници, како и поставеноста на администрацијата кон граѓаните, се најнепосредните одговорни за креирањето на таа слика за државата и кон креирањето дали кај еден човек ќе надвладее желбата да остане или да замине прво од родното место во некој поголем град а потоа и од државата – порача Стоилковски.
Според него, гледано низ призмата на општините во 21 век, Македонија не може да се пофали дека е во чекор со времето, посебно кога градоначалниците и советите имаат лукративни цели и партиски погледи, а тоа се покажа во изминатите четири години.
Македонија гледана низ призмата на општините во 21 век не може да се пофали дека е во чекор со времето особено ако локалната самоуправа, градоначалниците и советите имаат тесни партиски погледи и многу често лукративни цели. Тоа барем го покажаа изминатите 4 години.
А може и поинаку! Само накусо, за односот кон задоволување на потребите за современо живеење, би дал пример преку градот Штип, како град којшто од посттранзициски беше замрен, стана индустриски и универзитетски центар, и од град од којшто се иселуваа, прерасна во град којшто се шири и гради со нови станбени единици! Голема е и улогата на соработката и слухот на централната власт, низ истиот пример, со автопатското поврзување.
Значи, се може, ако се сака и ако се работи со искрена намера. И затоа посочив дека од работата на локалната власт се дава сликата и за работата и посветеноста на централната власт и креирањето на мислењето кон определена политичка опција дали треба, може да продолжи или треба да биде сменета со нова политичка опција на централно и локално ниво!
Ако стагнираше развојот на општините и исполнувањето на задачата на локалните власти минатите 4 години; не стагнираа, напротив, се наталожија потребите и очекувањата на граѓаните од локалните власти кон исполнување на нивните потреби и имањето слух за нивните потреби. И тоа ја прави интересна локалната демократија во советите, како и односот совет-градоначалник.
Една од потребите е и онаа категорија Паметен град. Паметните општини и градови, не значат дека локалната демократија ќе стане виртуелна и Орвеловска. Напротив треба да биде алатка кон граѓаните; за полесно добивање податоци, подобро функционирање на локалните системи, поефикасна и побрза администрација и дистрибуција на услугите – истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.