Оливер Спасовски на следното појавување во јавност нека одговори каде е лицето Наим Самиу од тетовско Шемшово, син на познатиот командант Баци, којшто треба да е во притвор? Спасовски при себепромоциите нека истакне како лице во домашен притвор за две дела, со решение за затворски притвор за трето дело, едноставно – си оди, бега, и го нема!, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали е можно Наим Самиу да ја напуштил државата, дали е можно да имал помош од МВР, дали зад сето стојат врските на СДС со неговиот татко познат како командант Баци?

Наим Самиу бил во куќен притвор заради дрога кокаин, како и со мерка заради семејно насилство, кога на 13-ти месецов повторно е пријавен за семејно насилство.

На 15-ти месецов полиција го спроведува до суд за трето кривично дело. Истиот ден се готви решение за активен притвор наместо куќен. Полицијата го враќа дома, а веќе следното утро, на 16-ти полицијата не го наоѓа дома за да го спроведе во истражен затвор.

Срамно е тоа што се случува. Се’ упатува на тоа дека човекот е вратен – за да замине. Зошто не е задржан во судот, зошто не е испратен директно во истражен затвор, зошто немало обезбедување за да не избега, дали зад тоа стојат врските на СДС со командант Баци, татко на избеганиот, тоа се прашања за коишто веројатно ќе има одговор после изборите.

Се додека ДУИ и СДС се на власт, а Оливер Спасовски на чело на полицијата, криминалците прават што си сакаат!, додава Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.