Луѓе како Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Драган Ковачки, Елми Азири и сите други опозиционери присутни пред простотилакот и насилството на Арбр Адеми се пратеници со достоинство и не се плашат и не го трпат насилството од ДУИ во Собранието, пишува на Фејсбук, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Нивниот образ е образот на Македонија!
Образот нема цена! Образот значи чест, одговорност и храброст!
Само Образ може да предизвика онакво панично насилство на власта и простотилак како оној на Арбр денеска!
А не е прво насилство од ДУИ и пажовите од СДСМ, и нема да е последно, како резултат од гнасниот однос на СДСМ со бегањето од осуда на Талат!
Доаѓа денот! За се’ ќе одговараат!, стои во објавата на Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.