Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски ја обвини власта дека и по два дена од скапата церемонија за почеток на градбата на Коридорот 8, на местото нема ништо од работа, нема механизација, нема работници, нема почеток на градба.
Токму на ова место пред два дена се одржа скапа церемонија за почеток на градбата на Коридор 8. И по два дена нема ништо од работа, нема механизација, нема работници, нема почеток на градба, апсолутно ништо.
Фрлија лопата, направија реклама и толку.
Нема ништо, уште една празна нива, празен градежен плац посеан со лаги.
СДС и ДУИ се церемонијал, мајстори за промоција на проекти и инвестиции што потоа никаде ги нема.Дали церемонијата беше потребна за да се испере Артан Груби од скандалот поврзан со градбата на Коридорот 8 и 10 или беше потребно за да се обезбедат пари за фирма миленичка на ДУИ, ако веќе нема пари за печатење на учебници?
Ова празна нива е вистината за владеењето и за лагите на СДС и ДУИ. Ова е сликата за иднината со СДС и ДУИ, скапи церемонии, скапи свечености, фирми блиски до ДУИ и СДС и празни градежни плацеви. Само избори се спасот од тонењето на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.