Македонија тоне во катастрофа, инфлацијата го јаде лебот на народот, а СДСМ и ДУИ наместо реални антикризни мерки троши 5 милиони евра за службени автомобили! Неодговорноста и криминогеноста на власта ја потврдува и девастирачкиот факт дека во време на најголема смртност заради ненавремено обезбедување на вакцини за корона, скок на сметките на струја заради домашната енергетска катастрофа, во време егзодус од 215.000 работоспособни лица од Македонија, и во време на најголемата економска катастрофа, двоцифрена инфлација, функционерите на СДСМ и ДУИ делат 5 милиони евра од буџетот за луксузи за службени возила, изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека 5 милиони евра во катастрофа, за Оливер Спасовски се вози во луксуз додека се печатат пасоши на мафијаши. 5 милиони евра за возило и луксуз за Ариф Асани, заменикот на БЈБ, што го извади пукачот од Чаир.

5 милиони евра за луксуз наместо за вакцини за корона. 5 милиони евра за службени коли наместо одржување на РЕК Битола. 5 милиони евра при катастрофа за сите во Македонија, освен за функционерите од СДСМ и ДУИ. СДСМ и ДУИ со закани и притисоци задушуваат протести на воспитачи во градинка, учители и наставници во основно образование. Ги излажаа синдикатите дека ќе ги зголемат платите. Сега одбиваат антикризни мерки за намалат акцизи и ДДВ за горивата и за храната, народот тоне во сиромаштија, ама СДСМ и ДУИ троши милиони евра за сопствен луксуз, за службени луксузни возила! 5 милиони евра и тоа се плаќа со повисоки акцизи, со даноци на горива,на струја и на храна. Затоа СДСМ и ДУИ се против намалување на акцизите и данокот, за да има за луксузи за власта – вели Стоилковски.

Пет милиони евра за луксузни возила, наместо 5 милиони евра реална помош на граѓаните во криза! Придружете се на протестот за промени, на 18-ти јуни во 20 часот пред владата на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.