Нема кривична за директорката на Мерко со средно образование во Струга, нема кривична за директор на Испитен центар што немаше испити речиси две години и поништи испити на над 110 кандидати, нема кривична за прескокнат септември во школо заради матни зделки, нема кривична за воопшто немање учебници за ученици и принтање скрипти од ДУИ, нема кривични за погрешни учебници што минале цел филтер во образование, нема кривична за неизработена платформа за онлајн настава. Се е ова скандали и злоупотреби во образованието од ДУИ и СДС, но кривична нема,обвини Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ама затоа има кривична за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што во тој период кога сопреа со работа за лиценци за директори, именувал ВД директор во училиште без директорски испит, затоа што две години нема или се поништува директорски испит.

Е ова е хунтата на дело во паника.

Кривичната пријава за Папазов доаѓа кога ДУИ и СДС е во паника, во време кога Јовески безгласниот обвинител не смее да писне за Мерко и дури организираше систем во насока на негова одбрана, Абази, ЈО за организиран криминал, кому Али му седи над глава, не смее да писне за Соравија, не смее да писне за Груби, не смее да писне за Мерко, дури и со ДКСК се скара и престана да комуницира. Ама затоа има кривична, и тоа од Главниот на пасошкото мафијашко одделение, Оливер Спасовски за Градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. Оливер Спасовски кој што посакува кандидатура за претседател на државата.

Почитувани, ова е срамно, ова е одраз на очајната состојба во која се наоѓаат ДУИ и СДС.

Ова е чист политички прогон за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

Ги боли градоначалникот на Кочани, Папазов затоа што работи, ги боли ВМРО-ДПМНЕ затоа што направи очигледна разлика, ги боли тоа што над 85% од народот ги смета за најголема грешка и не поддржуваат уставни измени.

ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците нема да застанат со работа во корист на народот, работеле и ќе работат, вклучително и Папазов во Кочани.

Познати се мотивите познати се и идејните творци на овој политички прогон и наскоро ќе има одговорност.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.